Претседателот Пендаровски се обрати на панел-дискусијата „Млади и аерозагадување“

Претседателот Пендаровски се обрати на панел-дискусијата „Млади и аерозагадување“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел дискусијата „Млади и аерозагадување“, што во организација на Здружението на студенти по медицина се одржа во Млади Хаб – Канцеларијата на претседателот.

Говорејќи на тема „Национален консензус против аерозагадувањето“, претседателот Пендаровски ги претстави клучните поенти од Светскиот лидерски самит за климатски промени – COP26 во Глазговодржан во ноември 2021 година, како и усвоените ревидирани национални придонеси во справувањето со последиците од климатските промени. 

Претседателот Пендаровски говореше и за неговите конкретни чекори што по стапувањето на функцијата ги има превземено на оваа тема, вклучувајќи го издигнувањето на аерозагадувањето на ниво на безбедносно прашање, поставувањето како точка на Советот за безбедност и неговото вклучување во Стратегијата за одбрана.

Според претседателот Пендаровски, многумина се свесни за проблемот на загадувањето, но немаат волја, а многумина ниту финансиски или други услови да направат промена во начинот на живот.

Претседателот Пендаровски посочи дека на глобално ниво постои консензус околу свесноста за постоењето на климатските промени, но сепак постојат предизвици во имплементацијата на мерките. Дополнително, според него, конспиративните теории поприлично ја поткопуваат таа заедничка свест дека климатските промени се нешто што е многу сериозно и што треба што побрзо да го адресираме.

Тој посочи и на високите бројки на починати како директна или индиректна последица на аерозагадувањето.

„Мораме да се здружиме или да бидеме погласни, но не да останеме само на зборови кога ќе ни заврши мандатот да се каже, јас потпишав  таков документ, таков указ, таква одлука, а во пракса иста или не дај боже поголема бројка од луѓе да ни починуваат од истите причини“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски повика младите да го искористат својот ентузијазам, иновативни идеи и креативни решенија за позитивни промени. Ги охрабри младите да бидат гласни и секогаш да ги поставуваат прашањата. Аерозагадувањето, според претседателот Пендаровски е доволно важно и се однесува на здравјето и животите на луѓето и поради тоа не треба да биде ставано настрана, туку треба да се решава заедно со сите останати проблеми. 

На панел-дискусијата, на која присуствуваше и сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обратија и министерот за здравство, Беким Сали, како и Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ.

Прочитајте повеќе

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Гласачите во седум избирачки места во две изборни единици ќе одлучуваат можеби и за преструктуирање …