20-годишна затворска казна за прилепскиот џудо тренер обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчиња

20-годишна затворска казна за прилепскиот џудо тренер обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчиња

Прилепскиот џудо тренер, 46-годишниот Рубин Пеески обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчињa кои ги тренирал во неговиот џудо клуб, е осуден на затворска казна во траење од 20 години. Исто така, на Пеески му е изречена и забрана за вршење на дејност, од причина што покрај обљубата, се товари и за злоупотреба на службената положба како џудо тренер.

Според обвинението, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти и со злоупотреба на својата положба, Пеески извршил полови дејствија врз 4 ученички со наполнети 14 години, кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Случајот беше откриен кога еден од родителите го пријави тренерот во полиција, после што со истрагата беа откриени и другите жртви.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија