СОУ „Ѓорче Петров“

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ се вратија во училишните клупи, привршува реконструкцијата на прилепското училиште

После пауза од два месеца, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп денеска продолжија со следење на наставата со физичко присуство.

Причина за нивното отсуство од училишните клупи беше реконструкцијата, односно темелните инфраструктурни зафати на училишната зграда, први од таков вид после 60 години, кои целосно го променија ликот на училиштето.

Денес, учениците од ова училиште со право можат да речат дека се школуваат во едно од најубавите и најсовремени училишта не само во Прилеп, туку и во поширокиот регион.

„Среќна сум и горда што условите за учење и за изведување на наставата ги подигнавме на едно повисоко ниво. Со тоа, мотивот за постигнување подобри резултати како на учениците така и на наставниците, е значително поголем. Очекувам дека за многу скоро време подобрените услови ќе резултираат со уште поголеми успеси од досегашните“, вели директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Петра Лукароска.

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ се вратија во училишните клупи, привршува реконструкцијата на прилепското училиште

Во изминатите 3 месеци се направи дренажа околу училишната зграда, се санираа и реконструираа внатрешните ѕидови и таваните, во училниците и ходниците се променија подовите, поставено е ново осветлување со лед светилки, а реконструиран беше и дел од покривот.

„Во последното тримесечје од тековната учебна година посакувам нашите ученици да добиваат повисоки оценки и со успех да ја завршат школската година, а веќе од јуни во најубавото училиште во градот очекуваме упис на нови генерации ученици. Сакам да изразам благодарност до Министерството за образование и наука за финансиската поддршка за реализација на овој крупен проект, но истовремено и благодарност до учениците и вработените во училиштето, за покажаното разбирање. Се разбира, голема заслуга за новиот изглед на училиштето има и изведувачот на градежните работи, кој квалитетно и во предвидената временска рамка ги реализираше предвидените реконструктивни зафати“, нагласи Лукароска.

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ се вратија во училишните клупи, привршува реконструкцијата на прилепското училиште

Заради комплексноста на реконструктивните зафати, дел од градежните активности кои не влијаат на безбедноста во одржувањето на наставата, сеуште траат. Комплетната реконструкција на училиштето, заедно со тековното изведување на термоизолационата фасада, ќе заврши најдоцна до 1 јули.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …