Претседателот Пендаровски во Приштина оствари средба со косовскиот премиер Албин Курти

Претседателот Пендаровски во Приштина оствари средба со косовскиот премиер Албин Курти

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Приштина, во рамки на официјалната посета на Република Косово, оствари средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Претседателот Пендаровски и премиерот Курти на средбата оценија дека односите меѓу двете држави се пријателски и конструктивни и во тој контекст го реафирмираа интересот за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на контакти меѓу владите на двете држави, подвлекувајќи дека истата придонесува кон градењето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово.

На средбата беше изразено задоволство од досегашните економски релации и соработка меѓу двете држави и беа разменети мислења во однос на можностите за нивно натамошно унапредување. Во оваа смисла, претседателот Пендаровски посочи дека инфраструктурното поврзување и соработка во доменот на енергетиката, инвестициите и туризмот би требало да бидат во фокусот на двете држави во претстојниот период.

Во разговорот, претседателот Пендарвоски ја повтори поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово и нашата подготвеност за давање придонес во таа насока, оценувајќи дека како членка на НАТО, Република Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата.

Покрај ова, соговорниците разменија мислења и во однос на дијалогот Белград-Приштина при што претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Северна Македонија ги поддржува напорите на нашите сојузници и партнери во насока на постигнување заемно прифатливо решение, кое ќе придонесе кон зацврстување на мирот и регионалната стабилност и кое ќе обезбеди можности за натамошен просперитет на целиот регион.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …