Пендаровски инаугурација Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му посака успешно извршување на одговорната функција и изрази подготвеност за продолжување на одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство и партнерство кое се гради и унапредува низ соработката на нашите институции, бизниси и граѓани.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …