зеленски

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива, но таа ќе има висока цена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изразил увереност дека Украина е подготвена за контраофанзива, но нагласил дека процесот ќе трае и ќе носи висока цена, пренесува Укринформ.

Во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ Зеленски сепак искажал и убеденост дека контраофанзивата ќе биде успешно.

„Цврсто веруваме дека ќе успееме. Не знам колку долго оваа контраофанзива ќе трат. Да бидам искрен, може да тргне во различни правци, целосно различни. Но ќе го направиме тоа, подготвени сме“, рекол Зеленски.

Сепак, украинскиот претседател признава дека Русија е супериорна на небото над фронтот и, во отсуство на моќни оружба, многу припадници на украинските сили ќе загинат.

„Би сакале да имаме некои нешта, но не можеме да чекаме со месеци“, рекол Зеленски.

Тој посочил дека на Украина и се потребни дополнителни батерии со ракетите „Патриот“, односно Зеленски би сакал 50 од нив, бидејќи овој ракетен систем е единствениот што може да пресретне одредени руски ракети.

Во меѓувреме, на терен, припадници на военото контраразузнавање заедно со припадници на безбедносните сили на Украина, уништиле четири противавионски ракети системи на Русите. Уништен е еден систем BUK-M1 и три системи TOR-2M, извести украинската новинска агенција Укринформ.

Во текот на вчерашниот ден до рано утрово, украинските одбранбени сили извршиле 15 воздушни напади на групи руски воен персонал, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во истиот период, руските сили извршиле 67 напади од воздух и 17 ракетни напади. Извршиле и 91 напад со повеќецевни ракетни лансери.
Имало и 29 судири на војници од двете страни.

Според украинскиот Генералштаб, руските инвазиски сили и понатаму ги насочуваат напорите целосно да ги завладеат регионите Донецк и Луханск.

Ситуацијата во градот Бахмут во Донецк е релативно стабилна и украинските одбранбени сили ја задржуваат контролата врз југозападните периферни населби, јавува Укринформ. Руските сили се обиделе да ги преземат, но не успеале.

Платениците од „Вагнер Група“ не го напуштиле Бахмут комплетно, и од денеска држат обука на регуларните аримиски сили на Русија што пристигнале во градот.

Според она што го соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Твитер, Русија продолжува со распоредување регуларни армиски единици во секторот Бахмут, додека „Вагнер Група“ полека се повлекува.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …