Претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Украина

Претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, денеска ќе ја посети Украина каде ќе се сретне со високи претставници. Ова е прва официјална посета на министерот Османи како претседавач со ОБСЕ. Средбите на министерот Османи ќе се фокусираат на хуманитарните и безбедносните предизвици со кои се соочува земјата поради тековната војна на Русија против Украина.

Дискусиите ќе ги опфатат и најитните потреби на народот, институциите и граѓанското општество на Украина, како и улогата на ОБСЕ во зајакнувањето на отпорноста на земјата и справувањето со бројните предизвици што се појавуваат. Министерот Османи ќе го посети и регионот на Киев за од прва рака да го набљудува влијанието на војната врз цивилите и цивилната инфраструктура и да се запознае со обемот на меѓународната помош потребна во областа.

Прочитајте повеќе

Грковска на средба со струмичките средношколци: Интегритетот, чесноста и одговорноста се клучни вредности за градење подобро општество

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска го …