Претставниците на маркетите уверуваат дека залихи има доволно и нема место за паника

Претставниците на маркетите уверуваат дека залихи има доволно и нема место за паника

Министерот за економија, Крешник Бектеши, апелираше граѓаните да купуваат разумно во маркетите, бидејќи залихи има доволно. Тој додаде дека во маркетите се создава најголема гужва и оттука се доведува во прашање здравјето на вработените.

„Ги повикувам граѓаните разумно да купуваат, секој супермаркет ќе направи интерен план за работа со цел да излез во пресрет на граѓаните. Место за паника нема, залихи има,“ рече Бектеши.

Претставниците на супермаркетите исто така уверуваат дека состојба е под контрола и нема место паника, залихи имаат за период од 35 до 40 дена. Според нив, тие се охрабрени од трговците и производителите дека доволно ќе снабдуваат и оттука производите што стратешки се купуваат ќе ги има доволно.

Џемаил Даути, сопственик на компанијата „Даути“, која врши увоз и дистрибуција на храна низ супермаркетите, рече дека минатата недела имало потешкотии за увоз на роба, но од вчера тој проблем е решен и камионите во конвој се тргнати кон државата. Засега, цените на производите не се менуваат.

Од Државниот пазарен инспекторат информираа дека поради непочитување на одлуките на Владата, биле затворени 10 угостителски објекти.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …