Претстојниот викенд започнува зимското сметање на времето

Претстојниот викенд започнува зимското сметање на времето

Викендов, ноќта помеѓу сабота 30 октомври и недела 31 октомври, започнува зимското сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во 3 ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Иако Европскиот парламент во 2019 изгласа укинување на сезонското поместување на времето од оваа 2021 година, Советот на ЕУ сеуште не донесол конечна одлука, што значи дека не постои сигурност дека ова ќе биде последното поместување на часовниците.

Прочитајте повеќе

дожд врнежливо време

Денеска и во следните денови нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно …