Прилеп: „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“ - обука на Дирекцијата за заштита и спасување

Прилеп: „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“ – обука на Дирекцијата за заштита и спасување

По барање на Општинскиот  штаб за справување со кризи и кризни состојби при Општина Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување денеска изврши обука за справување со пожари на членовите на универзалната единица која е во состав на Општинскиот штаб, како и на припадниците на територијалната противпожарна единица-Прилеп. Целта на оваа обука беше подигнување на свеста на населението за превенција, спречување, но и самозаштита и заштита на природата од пожари на отворен простор.

Обуката која се состои од теоретски и практичен дел, е дел од низата обуки кои ги спроведува Дирекцијата за заштита и спасување, под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …