Прилеп: Литературно читање во Градската библиотека „Борка Талески“ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Прилеп: Литературно читање во Градската библиотека „Борка Талески“ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, по четврт пат го организираше литературното читање во поезија и проза на мајчин јазик, на слободна тема. Учество зедоа основните училишта од општина Прилеп, општина Долнени и општина Кривогаштани, како и членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот кои го посетуваат Детскиот Едукативниот Центар „4.Јули“.

Учество зедоа 19 ученици, кои се преставија со своите  творби на македонски, албански, турски, босански и ромски јазик.

Комисијата која ги оценуваше учесниците ја сочинуваа: Цветанка Стојаноска, наставник во ООУ„Гоце Делчев“ од Прилеп, Благојче Николоски, писател и едукатор по англиски и шпански јазик во Едукативниот центар при Детската Амбасада, Наташа Наумоска, наставник по македонски јазик во ООУ „Мирче Ацев“ од с. Лажани, Цвете Божиноска, наставник по македонски јазик во ООУ „Јонче Смугрески“ од с. Обршани и Перо Миленкоски, педагок, писател на поезија за деца, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на 80 песни за детскиот фестивал „Златно Славејче“, кој на сите учесници, ученици и ментори, им додели по една книга од новата збирка песни „Сончев дворец“.

Со одлука на комисијата, првото место и’ припадна на Софија Оџаклиеска од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик, Сузана Николоска.

Се доделија награди и во проза: првото место на Кирил Велјаноски од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик Мартина Трајкоска, второто на Ана Марија Здравкоска од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик Билјана Јагуриноска, и третото на Дора Неданоска од ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик, Наташа Блашкоска.

Првото место во поезија му беше доделено на Талијан Ѕвончар од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик Габриела Стојаноска-Станоеска, второто на Елиф Дава од ООУ „Али Фетхи Окјар“ од с.Дебреште и третото на Маида Халиловиќ од ООУ „Мирче Ацев“ с. Лажани, под менторство на наставничката по босански јазик, Елвира Каришиќ.

Покрај добиената диплома, првопласираната Софија Оџаклиеска ќе биде наградена со вклучување во летниот камп, кој го организира Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. На останатите добитници им беа доделени дипломи и книги, а на сите учесници и ментори, пофалници за учество и односно благодарници.

За организацијата на настанот најзаслужни се децата координатори од основните училишта од Прилеп, кои работат на активности и проекти во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …