Прилеп: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го отфрлија предлогот на опозицијата за доделување еднократна помош на првачињата
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Прилеп: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го отфрлија предлогот на опозицијата за доделување еднократна помош на првачињата

Најзначајните прашања кои се најдоа на дневниот ред на денешната 16-та седница на Советот на општина Прилеп, беа измените и дополнувањата на општинскиот буџет за 2022 година, како и измените и дополнувањата на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп.

На седницата, мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не го прифати барањето на СДСМ и коалицијата за проширување на дневниот ред со две точки: носење Одлука за еднократна помош во висина од 4.000 денари за секое семејство кое има запишано ученик во прво одделение во некое од училиштата во општина Прилеп во учебната 2022/23 година, како и поднесување Информација за спроведување и примена на колективниот договор на ниво на работодавач.

На тој начин, владејачкото мнозинство по втор пат го отфрли предлогот на опозицијата за доделување еднократна помош на прилепските првачиња, што никако не соодветствува за декларативните заложби ВМРО-ДПМНЕ за финансиска и секаква друга поддршка на граѓаните во време на актуелна економска криза.

Опозицијата обвини дека во време на криза, ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги троши за партиски вработувања. Само во 2022 година, како што истакнаа советниците на СДСМ и коалицијата, од општинскиот буџет ќе бидат потрошени 310.000 евра за времени вработување на партиски кадри на ДПМНЕ во Општината, односно, за таканаречената „паралелна општинска администрација“.

Иако е предлагач на општинскиот буџет, градоначалникот Борче Јовчески не присуствуваше на седницата бидејќи, како што кажа претседателот на Советот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, се наоѓал на службено патување во странство.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …