Прилеп: Тројца новозаболени од КОВИД-19, медицинскиот персонал во прилепската болница ја има потребната заштитна опрема

Прилеп: Тројца новозаболени од КОВИД-19, медицинскиот персонал во прилепската болница ја има потребната заштитна опрема

Денеска, петок 17-ти април, во општина Прилеп се регистрирани 3 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот. Во самоизолација се наоѓаат 422 лица, а изминатата ноќ граѓаните го почитувале полицискиот час и не се забележани негови прекршувања.

Менаџерскиот тим на прилепската Општа болница „Борка Талески“ ги демантира дезинформациите на одредени политички субјекти, кои се однесуваат на условите за работа во болницата.

Имено, не е точно дека медицинскиот персонал од болницата ја нема потребната заштитна опрема. Во оваа здравствена установа доследно се почитува примената на протоколите и препораките за употреба на лична заштитна опрема од страна на здравствените работници, согласно нивоата на здравствена заштита и ризикот од коронавирусот, а со цел спречување на ширење на инфекцијата.

Исто така, неточни и злонамерни се тврдењата дека Општата болница во Прилеп има недостиг од респиратори. Болницата поседува доволен број на респиратори за непречено функционирање на Инфективното одделение, каде се хоспитализирани инфицираните со средна клиничка слика. Согласно пропишаните процедури за работа на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, сите пациенти со потешка клиничка слика се испраќаат на понатамошно лекување во Клиниката за инфективни и фебрилни состојби и во Градската општа болница „8.Септември“ во Скопје.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …