Од денеска до четврток, 28 септември, Националната установа – Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп се вклучува во манифестацијата „Европски денови на културно наследство“. Оваа партиципативна манифестација ја препознава и ја нагласува улогата на локалната заедница во заштита на наследството, промовира инклузивноста и поттикнува креативност.
Во серијалот на 50.000 настани, на тема Недопирливото културно наследство – Живо наследство, што се случуваат во 48 земји во Европа, се вбројуваат и следниве настани организирани од Завод и Музеј – Прилеп во периодот од 22 до 28 септември 2023 година:
Петок, 22.09.2023
Слободен влез во постојаните поставки: Меморијален музеј 11ти Октомври – Рубинчо Белчески, кустос советник; Галерија на икони – Елизабета Иваноска, кустос; Роднокрајно музичко творештво – Лилјана Неделкоска – библиотекар; Археолошка поставка – Габриела Христовска, кустос; Етнолошка поставка – Паре Зареска, виш кустос; Музеј за тутун – Александар Цветкоски, кустос советник
Среда, 27.09.2023
Настан: Средба со Мимика Кинезија и Ишарет, трипартитна, интерактивна и едукативна работилница за заштита на движењата што се применуваат во нашата социјално-духовна традиција; подготовка, проекција, вежба
Место: Етнолошка поставка и Едукативен центар
Реализација: м-р Александар Цветкоски, кустос советник и м-р Паре Зареска, виш кустос
Четврток, 28.09.2023
Настан: Култ, жртвеник и неолитска куќа интерактивна и едукативна работилница
Место: Постојана археолошка поставка и Едукативен центар
Реализација: м-р Оливера Јандреска, виш кустос
Вторник, 25.09.2023 и четврток 27.09.2023
Настан: Религиозното поведение на Марковите потомци, интерактивно-едукативна тура низ варошките цркви
Место: Варош, Црква Св. Никола
Реализација: виш кустос Мимоза Христоска