Прилепските земјоделци можат да бидат спокојни – во вештачкото езеро ќе има доволно вода за наводнување на земјоделските површини

Прилепските земјоделци можат да бидат спокојни – во вештачкото езеро ќе има доволно вода за наводнување на земјоделските површини

Пишува: Зоран Милошески

Земјоделците, пред сѐ тутунопроизводителите од општина Прилеп, нема да имаат проблем со наводнување на земјоделските површини. Тоа значи дека во прилепското вештачко езеро ќе бидат акумулирани неопходните количини вода, кои ќе ги задоволат потребите за наводнување на површините засадени со земјоделски производи.

Вака гласи информацијата која на денешната прес конференција ја соопшти директорот на „Прилепско поле“, Ѕвонко Талески со што од дневен ред е симнато прашањето околу кое последниве месеци се плетеа многу шпекулации.

„Со заеднички напори на АД „Водостопанство“ подружница „Прилепско поле“ Прилеп, ЈКП „Водовод и канализација“, ЈП „Студенчица“ и Владата, ќе бидат обезбедени доволни количества вода за наводнување на земјоделските површини. На денешната седница на Владата, беше донесен заклучок со кој се задолжува ЈП „Студенчица“- Кичево, да го пренасочи и отстапи вишокот на вода од изворот, за полнење на акумулацијата “Прилеп’, односно вештачкото езеро. Со тоа, земјоделците можат да бидат спокојни и да не стравуваат за своето производство“, истакна Талески.

Истовремено, Талески информираше дека во следните денови, со сите заинтересирани водокорисници „Прилепско поле“ ќе започне со склучување на унифицирани договори за водоснабдување за тековната сезона.

Од „Прилепско поле“ апелираат до водокорисниците да се придржуваат до распоредот за монтажа на вентилите, со цел да не доаѓа до непотребно губење на водата.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …