Соопштение до јавноста, од страна на Владата на РСМ
Ја известуваме јавноста дека наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на АД Славија, се целосно неточни и манипулативни.
Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето од страна на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија.
Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот.