дожд врнежливо време

Продолжува нестабилното и врнежливо време

Денеска ќе преовладува претежно облачно и свежо време, со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 16 степени Целзиусови.

И утре ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прочитајте повеќе

Бугарија го отвори воздушниот простор – Лавров доаѓа на министерскиот самит во Скопје

Ова ќе биде прва посета на Лавров во земја членка на НАТО откако Русија ја …