Продолжува соработката на Државниот архив и Општина Крушево

Продолжува соработката на Државниот архив и Општина Крушево

По повод 65-годинишнината од постоење на Државен архив на Република Северна Македонија – одделение Прилеп, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски одржа средба со раководителката на прилепскиот Архив, Елена Чагороска.

Градоначалникот Христоски доби примерок од монографијата насловена „65 години Архив во Прилеп (1955 – 2020) и истовремено најави продолжување на соработката на општина Крушево со оваа институција.

„Честитам за 65 години успешна работа и се заблагодарувам на монографијата, во која се собрани сите информации за историскиот развој на Архивот. На првиот век на одделението на Државниот архив од Прилеп, Елена Чагороска, и’ посакувам успешна работа и уште подобра соработка со нашата општина“, изјави градоначалникот Христоски.

„65 години архив во Прилеп (1955 – 2020)“, во редакција на Елена Чагороска, претставува своевидно огледало на работата на Архивот во Прилеп, кој веќе 65 години се афирмира како важен темел на македонскиот идентитет, самобитност и државност. Со својот богат културен и историски трезор со архивски фондови и материјали, овозможува домашните и странските истражувачи да имаат пристап до живописната ризница. Целта на оваа монографија е да се информира јавноста за работата и историскиот развој на институцијата, нејзината надлежност и задачи, но и со постигнатите резултати во областа на заштитата на архивскиот материјал и унапредувањето на архивската дејност.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …