Професори од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп учествуваа во изработка на онлајн прирачник за Прва помош

Во партнерство со колеги од училишта од Србија, Шпанија, Португалија и Турција, професори од СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп учествуваа во изработка на онлајн прирачник за Прва помош.

Прирачникот е краен продукт од Еразмус проектот First aid worldwide и се базира на работа и истражувања за изнаоѓање и примена на иновативни методи, начини и средства за прва помош. Тој содржи поглавја кои опишуваат различни состојби и повреди за кои е неопходно познавање прва помош, како и објаснувања како да се реагира во одредена ситуација.

Сликите и видео материјали од шминкани повреди, се важен дел од прирачникот и реално ги прикажуваат повредите и раните кои се случуваат во секојдневниот живот.

Од тимот од СОУ „Ѓорче Петров“ нагласуваат дека обврска на секој проектен партнер била беше да истражи, избери и, во најголема мера, да примени природни материјали за шминкање, со цел реално и економично прикажување на повреди.

Идејата е онлајн прирачникот да најде примена во наставно-образовниот процес како дидактичко помагало за учениците и наставниците, но и кај целата популација заради стекнување основни познавања и пружање на прва помош при несакани и непредвидени животни ситуации.

Координатор на проектот е партнерското училиште „Сестри Нинковиќ“ од Крагуевац, Србија, а координатор  за прилепското средно училиште, професорката Билјана Тошеска.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …