Програмскиот колегиум побара помош од Пендаровски за решавање на проблемите со МКЦ

Претставниците на Програмскиот колегиум на Младински културен центар – МКЦ, денес го запознаа претседателот Стево Пендаровски со последните случувања.

Тие, како што соопштија од кабинетотна Пендаровски, појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција.

Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ исто така го информираа претседателот и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури. Тие побараа поддршка од Претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Претседателот Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Хрватска: Претседател на конфронтациски курс

Зоран Милановиќ повеќе би сакал да биде премиер отколку претседател на Хрватска. Уставниот суд веќе …