Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните проекти на кој работеше покојниот Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Изданието содржи песни од млади современи македонски поп артисти, меѓу кои се Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Zee, Young Dadi, Matej Foltz и веќе признаениот музичар Слаткаристика.

Настанот ќе започне во 19 часот, а за музичкиот избор ќе бидат задолженидиџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Настанот ќе биде посветен на Мирко Попов, кој почина изминатиот викенд. Изработката на компилацијата беше еден од последните проекти на кои работеше Попов. Станува збор за 13-то винил издание на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

„Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го има новиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме“, пишува во најавата за промоцијата.

Радоста на Попов за плочата можеше да се види и во неодамнешната објава на Дина Јашари, чија песна „Бои“ ќе може да се чуе на плочата. Таа сподели порака од Попов во која ѝ рекол: „Благодарам за песната. Плочава е лудило. До солзи ме расположи“.

„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, вели Попов.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе …