Промотивно возење со новите автобуси за најредовните корисници на градскиот превоз - пензионерите

Промотивно возење со новите автобуси за најредовните корисници на градскиот превоз – пензионерите

Најбројната категорија граѓани корисници на услугите на градскиот превоз во Прилеп, се пензионерите. Причина повеќе прилепските пензионери да ги користат услугите на јавниот превоз, се поволностите кои им ги нудат Општина Прилеп и ЈП ПУП, односно бесплатното четиричасовно користење на автобусите во перидот од 08-12 часот.

Од тие причини, денешниот ден прилепските пензионери го искористија, заедно со градоначалникот Илија Јованоски да се возат во еден од новите автобуси на метан и да се уверат во можностите кои ги нудат четирите новонабавени современи и еколошки автобуси.

Промотивно возење со новите автобуси за најредовните корисници на градскиот превоз - пензионерите„Во мојата изборна програма беше предвидено бесплатно возење во градскиот превоз за сите пензионери од нашиот град. Почетнавме со два часа, но после укажувањата од нивна страна дека тоа не е доволно, се договоривме бесплатното возење да трае 4 часа, секој ден од 08.00 – 12.00. Со воведувањето на новите 4 автобуси на метан во градскиот превоз, кои се конфорни со Еуро 6 стандард и ги задоволуваат сите еколошки барања, исполнето е и второто ветување за набавка на нови автобуси за градскиот превоз. Оваа категорија на граѓани, пензионерите, можноста за бесплатно возење ќе ја користат и во иднина и се надевам дека задоволството кај нив од користењето на услугите на новите автобуси, ќе биде уште поголемо“, истакна градоначалникот Јованоски.

Претседателот на Здружението на пензионери – Прилеп, Славе Трајкоски вели дека пензинерите се презадоволни од набавката на новите автобуси, со што на подолг рок се решава еден голем проблем.

Промотивно возење со новите автобуси за најредовните корисници на градскиот превоз - пензионерите„Ние знаеме дека автобусите со кои се возевме досега се стари, со поминат век на траење. Многу пати беа во дефект, но сега се реши проблемот со градскиот превоз. Пензионерите му се благодарни на градоначалникот, бидејќи со неговото доаѓање на функција, ние можеме 4 сати во текот на денот бесплатно да се возиме. Прилеп, покрај Скопје, е втор и единствен град во нашата држава во кој пензионерите можат да користат вакви бенефиции. Уште еднаш му се заблагодаруваме на градоначалникот, направи голема работа и посакувам среќно да се возиме“, изјави Трајкоски.

Здружението на пензионери – Прилеп брои околу 14.000 членови, од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …