Промоција на старт ап бизнис проекти: Вложувањето во старт ап бизнис идеи, е вложување во иднината и во нашиот заеднички напредок и прогрес

Промоција на старт ап бизнис проекти: Вложувањето во старт ап бизнис идеи, е вложување во иднината и во нашиот заеднички напредок и прогрес

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев имаа свои обраќања на настан во организација на Фондот за иновации и технолошки развој за промоција на 48 старт ап проекти добитници на финансиска поддршка од двата повика на Стартапувај. 

Во своето излагање, премиерот Заев  рече:

„На почетокот ќе прашам дали имаше некој грант за блокирање на лажните вести и на пренковите. Тоа ќе биде мотивирачка идеја на која ќе работат младите луѓе во периодот којшто доаѓа.

Денеска сме на промоција на 48 старт ап бизнис идеи кои добија поддршка преку двата повика од Стартапувај.

Кога треба да ги поддржиме младите луѓе и нивните иновативни бизнис идеи тогаш задоволството е обострано и е најголемо.

Вложувањето во вашите старт ап бизнис идеи е вложување во иднината и во нашиот заеднички напредок и прогрес.

Затоа што навистина светот останува на младите.

Младите луѓе треба да го искористат целиот свој потенцијал и на светот да му го понудат најдоброто од себе.

Иновациите и претприемничкиот дух се промената што го движи напредокот.

Затоа на младите луѓе и на сите оние кои имаат креативни идеи мора да им ја пружиме целосната поддршка и да им дадеме ветар во крилјата.

Бидејќи единствено така, сите ние заедно имаме неповторлива шанса и светот да го направиме подобро место за живеење.

Почитувани добитници на грантовите од повикот Стартапувај,

Вие го движите времето на промените што во моментов се случува во нашата земја.

Имавме прилика од Сања и Иван да слушнеме за нивните иновативни проекти и за нивното искуство при аплицирањето за грантовите.

Друга старт ап компанија добитничка на грант, Преплет Дизајн, ДОО планира создавање на уникатни дизајнерски текстилни производи кои можат да бидат користени од лица со делумно или целосно оштетен вид.

Плант Фактори ќе развива напредна технологија за беспочвен систем за производство на билки кои се користат во фармацевтската индустрија.

Џисикс солушнс ќе понуди на пазарот иновативен уред Pedaless кој е наменет за велосипеди и ги трансформира истите во електронски велосипеди.

Ова се само мал дел од проектите кои се поддржани со повикот Стартапувај. А гледаме колкави големи промени потикнуваат.

Јас сум уверен дека сите овие 48 проекти ќе бидат успешни и ќе донесат нова додадена вредност во нашата економија и на свој начин ќе го подобрат нашиот заеднички живот.

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Светска Банка обезбеди средства во висина од 1.8 милиони евра како финансиска поддршка за овие проекти.

Со поддршката на овие старт-апи се отвораат 45 за старт нови работни места, а просечната исплатена плата е во износ од 462 евра.

На самиот крај би сакал на сите да ви посакам успешна работа и влез во многу други старт ап предизвици.

Вашата креативна и иновативна мисла е движечка енергија за сите нас и за граѓаните на Република Северна Македонија!

Нека е со среќа на сите добитници и испраќам порака до младите луѓе и до сите во нашата земја да ги користат овие алатки заради тоа што и фондот се усоврши во одлучувањето, економијата јакне, буџетот е се поликвиден и финансиски постабилен, партнерите како Светска банка и другите ќе породолжат да не поддржуваат затоа што дефинитивно можеме да бидеме сами свои газди и да не бараме само работа во јавната администрација. Сакам да испратам повик до сите млади луѓе, да фрлам ракавица да смогнат сили, да соберат храброст дефинитивно својата идеја како што објаснија претходните соговорници да ја стават на хартија и да се борат за нејзина имплементација“.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека денешното време е време на стартап компаниите. Тој тоа го поткрепи со фактот што во светот постојат компании со повеќе децениска традиција, сепак и покрај нивната успешност и традиција,голем дел од највредните компании во денешно време не се постари од 15-20 години,а започнале како стартапи.

„Амазон, Фејсбук, Тесла, Ејпл се компании кои започнале како стартапи, имале брз раст, а денес вредат многу. Друг пример е Mobile Eye, стартап компанија од Израел, кои го иновираа системот за самоуправувачки возила, а е продаден за двоцифрена вредност во милијарди. Владата ги креираше мерките од Планот за економски раст токму во таа насока, за поддршка на компаниите технолошки да се развиваат и да внесуваат иновативни решенија и резултатите покажуваат дека мерките се искреирани правилно. Во 2019 година обезбеден е рекорден износ на средства во буџетот за економските програми на Владата, за 47% повеќе средства во однос на 2018 година, со кои се поддржуваат  странските, но во уште поголем број домашните компании“, нагласи Анѓушев.

Настанот го водеше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски кој рече:

„Оваа влада е вистински партнер на младите во земјава. И тоа не со ветувања туку со конкретни мерки кои даваат вистински резултати. ФИТР до сега има вложено околу 2,5 милиони евра во околу стотина стартап компании. Поттикнавме млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси.  Веќе работиме на креирање нови мерки со кои ќе се олесни основање на компании и пристапот до странски инвеститори. Целта ни е овде да создадеме европски услови и стандарди, со цел да се спречи одливот на мозоци од земјава, и да покажеме дека можеме да извезуваме иновативни продукти и услуги наместо човечки капитал“, рече директорот Деспотовски.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …