Министерот без ресор Елвин Хасан во работна посета на фабриката “Liberty Skopje”

Министерот без ресор Елвин Хасан во работна посета на фабриката “Liberty Skopje”

Елвин Хасан, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, беше во работна посета на фабриката “Liberty Skopje”, која е дел од глобалната “Liberty House Group”, британска компанија која се фокусира на трговија со црни и обоени материјали, рециклирање на метали, производство на челик и алуминиум и инжинерски производи и услуги.

Liberty House Group пред одреден период ја презеде валавницата од АцелорМиттал во Скопје и неколку други европски земји. При посетата, министерот Хасан го посети и производствениот погон каде што увиде кои се капацитетите на фабриката, како тече секојдневната работа и какви машини се користат во процесот.

Извршниот директор на фирмата, Волфганг Марингер го запозна министерот со историјата и почетоците на компанијата која кај нас почнала со работа уште во 2005 година и која има околу 470 вработени и која соработува со над 300 домашни компании. Директорот Марингер на министерот му ги презентираше моменталните услови за работа, плановите и целите за во иднина, кои  вклучуваат зголемување на капацитетите и стремежот кон градење на безбедна работна средина во која вработените се заштитени, бидејќи еден од примарните таргети на компанијата е здравјето и безбедноста.

Министерот Хасан ја искористи оваа прилика да ги презентира новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се произлезени од потребите изразени од компаниите и со цел да се охрабрат инвеститорите за нови инвестирања во земјава.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …