Пронајдена масовна гробница во близина на Изум по руското повлекување

Пронајдена масовна гробница во близина на Изум по руското повлекување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека масовна гробница била пронајдена во Изум кој неодамна беше ослободен од украинските сили. Зеленски не даде детали за бројот на пронајдените тела, но рече дека повеќе информации треба да бидат достапни денеска. Пронајдена е една масовна гробница со телата на украинските војници заедно со десетици гробници обележани со дрвени крстови со имињата на починатите во една шума. Олех Котенко, комесарот за исчезнати лица под посебни околности, за РСЕ изјави дека во масовната гробница биле пронајдени 20-25 тела на украински војници.

Украинскиот претседател претходно се состана со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која сака да даде политички моментум на неодамнешните воени придобивки на Украина и да изврши притисок за напредок во обезбедувањето на Украина со системи за противвоздушна одбрана. Зеленски подоцна во своето редовно обраќање ја нагласи потребата од напредок во разговорите со украинските партнери за системи за противвоздушна одбрана. Зеленски, исто така, ја повика меѓународната заедница да одговори со „остра и принципиелна реакција“ на неодамнешните руски напади врз украинската инфраструктура.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …