Пронајдено 45-то тело во изгорениот македонски автобус во Бугарија

Пронајдено 45-то тело во изгорениот македонски автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на македонскиот туристички автобус кој изгоре на автопат во Бугарија било пронајдено уште едно тело. Со тоа бројот на жртви се искачи на 45. Оваа информација ја потврди бугарскиот заменик главен обвинител и раководител на Националната истражна служба Борислав Сарафов, објави Бугарското национално радио.

„Во 21:15 часот во трагичната ноќ преку [граничниот премин] „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од нив во автобусот пронајдовме 45, а седуммина се во [болницата] Пирогов. За жал нема уште еден спасен“, рече Сарафов.

Тој рече дека истражителот и обвинител испратени во Скопје ќе останат во Македонија до недела. Тие треба во Бугарија да ја донесат документацијата поврзана со изгорениот автобус и примероци од ДНК од роднини на загинатите. Веднаш потоа ќе почне и идентификација на жртвите.

Во тешка сообраќајна несреќа на македонски туристички автобус на автопат во Бугарија загинаа 45 луѓе, а седуммина се повредени. Автобусот се враќал кон Скопје од туристичко патување во Истанбул.

Прочитајте повеќе

Царинска управа колаж медикаменти

Царинска управа: Спречен шверц на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром Скопје спречија шверц на 1,7 тони медикаменти, Силденафил …