Крушево: Се реконструира улицата „Питу Гули“

Крушево: Се реконструира улицата „Питу Гули“

Во тек е реконструкција на дел од улицата „Питу Гули“, која ќе биде заокружена со изградба на паркинг. Пред поставувањето на асфалтот, ЈП „Комуна“ работи на промена на водоводна цевка и реконструкција на приклучоци за вода на домаќинствата.

Овој пат беше видно оштетен и беше еден од приоритетите на Општина Крушево, откако претходно се реконструираа делови од улиците „Нико Доага“ и „Партизанска“.

Реконструкцијата се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со Општина Крушево.

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …