Стојанов: Коронавирусот мутира зашто луѓето не се вакцинираат

Стојанов: Коронавирусот мутира зашто луѓето не се вакцинираат

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на ковид, наречена B.1.1.529, а која е откриена во Јужна Африка. Овој нов мутант е повод претставниците на СЗО денеска да се состанат и да разговараат околу третманот и вакцините. Јужноафриканските научници откриле 30 мутации на спајк протеинот, делот од вирусот што се врзува за клетките во телото, што може да има последици врз ефикасноста на вакцината и преносливоста.

За новиот мутант на ковид се оценува дека е најлошиот досега. Епидемиолгот д-р Александар Стојанов смирува дека сепак треба да се почека и да се испита за што точно се работи.

– Ова допрва треба да се испита и види што е точно. Инаку, во природата на вирусите е да мутираат за да опстанат. Иедјата на вакцината е токму тоа, што повеќе луѓе во пократко време да се извакцинираат, за да не може да измутира вирусот. Онаа вакцина која беше проектирана за првиот вид вирус, беше најефикасна за тој топ вирус, а сега веќе како што мутира, така ефикасноста на вакцината паѓа, па сега треба да се прават нови вакцини. Тоа ви е исто како со антибиотиците, што швеќе антибиотици примате, станувате резистентен на нив – вели д-р Стојанов.

Тој повтори дека што повеќе луѓе се вакцинираат во што поголем број, тоа е подобро.

– Ние тоа го зборуваме цело време. За која било епидемија тоа е правило, што побрзо да се извакцинира населението за да се прекине ланецот. Освен вакцината и класичните мерки кои вклучуваат и да нема собири во затворен простор, друго чаре нема. Лек за вирус нема, вакцината заштитува од тешка клиничка слика и смрт – потсетува епидемиологот.

Стојанов вели дека младите кои најмногу се собираат и се дружат и го пренесуваат вирусот, одбиваат да се вакцинираат.

– Не може да го носам моето внуче во градинка, а учителките да не се вакцинирани. И не може да одите на доктор, а докторот да не е вакциниран. Оние доктори кои не се вакцинирани, не ми е јасно како полагале Епидемилогија, Микробиологија. Од вакцина нема смртни случаи, но од ковид има – додава Стојанов.

Тој вели дека во мај се ванцинирал со Фајзер, а сега на крајот на овој месец ќе прими трета бустер доза.

Инаку, како што пренесуваат медиумите, СЗО сè уште не знае многу за најновите мутации.

– Она што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број на мутации. И загриженоста е дека кога имате толку многу мутации, тоа може да има влијание врз тоа како се однесува вирусот – изјави д-р Марија Ван Керхове од СЗО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …