пари плата пензии

Просечната нето-плата во март во земјава се искачи на 31.080 денари

Просечната нето-плата во земјава надмина 30.000 денари. Во март 2022 година, таа достигнала 31.080 деанри, што претставува зголемување од 10,1 отсто во споредба со исплатената нето-плата по вработен во март 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,2 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 отсто)“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на февруари 2022 година, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 отсто), Рударство и вадење на камен (13,5 отсто) и Преработувачка индустрија (7,1 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2022 година во земјава изнесувала 46.430 денари и таа била зголемена за 10,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …