пари пензии плати

Просечната нето-плата во октомври се искачила на 38.843 денари

Просечната нето-плата во октомври 2023 година се зголемила за 17,3 отсто во споредба со истиот месец лани и изнесувала 38.843 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26,2%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20%)“, информираат од Државниот завод за статистика.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5%), Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6%).

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …