Протестна нота од МНР до унгарскиот амбасадор во Македонија

Протестна нота од МНР до унгарскиот амбасадор во Македонија

Соопштение на Министерството за надворешни работи на Република Македонија:

Денес, во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски.

Целта на средбата беше предавање на протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.

Во таа прилика, ДСЕК Димовски изрази надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …