Дебата во Студио 1: Бегството на Груевски е конзуларна операција, каква игра се спрема за Македонија?

Дебата во Студио 1: Бегството на Груевски е конзуларна операција, каква игра се спрема за Македонија?

Актуелната тема за бегството на експремиерот Никола Груевски низ призмата на Ѓорѓи Спасов, како поранешен амбасадор на Република Македонија и Александар Диневски, поранешен припадник на УБК, кои беа гости во Отвореното Студио 1.

„Морам да кажам дека бегството на Груевски го доживеав доста драматично исто како што, ако може да повлечам паралела, со атентатот на Глигоров во 1995 година. Македонија беше определа да влезе во НАТО и ЕУ и после состанокот со Миошевиќ се случи атентатот“, рече Спасов.

Се поставува прашањето кој имаше интерес на глобалната политичка сцена од спекткуларното бегство на експремиерот, бидејќи не можел да го организира сам. Оттаму постојат две можни сценарија за таквото бегство. Едното е некој што му помогнал сака да ни порача дека сегашната власт е неспособна, а со тоа да докаже дека оваа структура не е спремна за влез во ЕУ И НАТО. Оние кои му помогнале можно е да имале нарачали од центри кои планираат поголема игра во Македонија. Втората е дека сепак можеби на Груевски свесно му е дозволено да пребега со цел да побегне таму каде што ги сместил парите, односно целата мрежа на поддржувачи.

„Очигледно е дека се работи за шокантен и драматичен настан. Во македонскиот случај поради две причини, прво затоа што избега Груевкси и второ затоа што македонската држава тоа го дозволи. Груевски не е обичен криминалец туку симбол на злото, кој за време на неговото 11 годишно владеење постави дикаторски режим чии последици се уште ги чувствуваме. Самиот чин на бегство е класичен пример на конзуларни операции. Операција која е комплексна и има за цел да создаде одредена ситуација во одредена земја, инсталирање или пад на одреден режим конфликт или друга цел. Овие операции се добро организирани и задолжително има учество на конзуларни претставници, каде што нема грешка и имаат краткорочни и долгоорочни цели. Постои цврста спрега помеѓу унгарските и македонските разузнавачи, рече Диневски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Извор: 1ТВ

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …