ПРВА НАГРАДА - ЛАУРЕАТИ ЗА „TRIO DOLCE“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „SOPRAVISTA“ ВО ИТАЛИЈА

ПРВА НАГРАДА – ЛАУРЕАТИ ЗА „TRIO DOLCE“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „SOPRAVISTA“ ВО ИТАЛИЈА

Музичкиот состав Trio Dolce  чии членови се:  Проф. Андријана Дукоска (виолончело) од Прилеп, Проф. Светлана Богданоска Ристоски (флејта) од Охрид и Проф. м-р. Марија Шамоска Буџаковски (пијано) од Битола, оваа година одбележуваат 5 годишна плодна соработка. Изминатиов период успешно и активно концертираат со целовечерни концерти во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид), поддржани од Министерство за култура на Р. Македонија. Во нивниот изведувачки опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи.

ПРВА НАГРАДА - ЛАУРЕАТИ ЗА „TRIO DOLCE“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „SOPRAVISTA“ ВО ИТАЛИЈАНа еден од најпрестижните меѓународни уметнички фестивали во Италија Sopravista International Festival-Contest , на кој учесници од целиот свет имаат можност да го покажат својот талент и имагинација, своите вештини и резултати, да ги задоволат потребите за креативно самоизразување и естетски развој, каде се популаризира уметноста и разбирањето на другите култури, начини на самоизразување и манифестирање на сопствената индивидуалност, како и размена на искуства, оваа година, во периодот на месец јануари/февруари 2021 година, учество зедоа 200 натпреварувчи, кандидати, професионални музичари, уметници од  31 земја, поделени во повеќе категории според возраст и номинација во која учествуваат,  во категоријата Инструментална музика, составот „Трио Долче“ е добитник на Прва награда – Лауреати.

 

Прочитајте повеќе

Пластика Ѓубре

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, присутна е во секоја животна …