Средба на министерката Шахпаска со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј

Средба на министерката Шахпаска со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј, на која што се разговараше за изминатите и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава.

На средбата министерката истакна дека во изминатите пет месеци, откако е на власт оваа Влада, Министерството за труд и социјална политика, успеа да донесе два клучни Закони во делот на трудот и социјалната политика. Во октомври беше изгласан Законот за спречување и заштита од дискриминација, а во јануари Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Британската амбасадорка Галовеј уште еднаш ја потврди поддршката на Британската амбасада во политиките на Министерството за труд и социјална политика и изрази подготвеност да помогне во делот на имплементацијата на новото законско решение кое се однесува за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, особено во делот на воспоставување на дата-база на податоци за родово базирано насилство.

Двете соговорнички изразија задоволство за досегашната соработка и подготвеност за реализирање на политиките кои се во нивна надлежност.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …