Судскиот совет формираше работа група чии членови се судиите Тања Чачарова-Илиевска, Мирјана Радевска-Стевкова и Мери Радевска кои ќе одат во Апелацискиот суд за да извршат вонредна проверка за тоа како се постапувало во предметот „Таргет Тврдина“ но и во предметите „Трезор“ каде исто така е обвинет екс шефот на тајната полиција Сашо МИјалков и исто така е укината пресудата и вратена во скопскиот кривичен суд. Ќе се испитува и како се работело на предметот „Транспортер“ каде обвинет е екс градоначанчникот на Битола, Владимир Талевски и предметот „Алфа“ за убиството на полициски службеник пред Природно математичкиот факултет.
„Јас сметам овите три предмети треба да бидат испитани. Сметам дека судскиот совет и те како има надлежност да провери дали тој совет дал приоритет на други предмети и ја одолговлекувал постапшката и дали постапувал судија кај кој што е констатирано дека е пензиониран“, изјави Весна Дамева претседател на Судскиот совет.