Работна посета на министерот Елвин Хасан на Турција

Работна посета на министерот Елвин Хасан на Турција

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции , Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што учествува на 88.Меѓународен саем во Измир. На саемот учествуваат високи делегации од целиот свет, кои имаат можност да ги зајакнат трговските врски, а исто така да придонесат и за развој на културните односи. Во склоп на саемот се одржуваат и „деловни денови“, на кои се спроведуваат деловни состаноци и се потпишуваат билатерални договори меѓу делегациите, со што се создаваат силни трговски врски. На деловните денови  во Измир учествуваат 190 делегации, 14 министри од различни држави и регионални стопански и индустриски комори, под покровителство на Министерството за трговија на Република Турција.

Министерот Хасан своето учество го искористи за да покани потенцијални инвеститори, при што пред министри, бизнисмени и учесници на саемот ги презентираше подобрените услови за инвестирање на кои Владата постојано работи, со цел нашата земја да биде привлечна за странските инвеститори. Притоа, како посебно примамливи за инвестирање, министерот Хасан ги истакна ТИРЗ зоните.

Во рамките на својот престој во Република Турција, министерот Хасан оствари низа важни средби со Стопанската комора на Измир, Сојузот на извозници од егејскиот регион, Индустриската комора на егејскиот регион, гувернерот на Измир, Ерол Ајилдиз и министерката за трговија, Рухсар Пекџан. На средбите се разговараше за актуелните политички случувања, добрите односи помеѓу двете земји и за евроатлантските интегративни процеси, кои се исклучително важни за нашата држава, а за кои ја имаме апсолутната поддршка на Р. Турција.

На средбата со министерката за трговија, Рухсар Пекџан беше констатирано дека е вистински момент да се прошири трговската размена и да се продлабочи соработката помеѓу двете земји.За таа цел, беше предложено во средината на октомври во Истанбул да се одржи македонско-турски бизнис форум.

Во текот на  работната посета, министерот Хасан беше придружуван од Генералниот конзул на Република Северна Македонија со седиште во Истанбул, Актан Аго.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …