Јавно обвинителство одлучи да ги превземе предметите на СЈО

Јавно обвинителство одлучи да ги превземе предметите на СЈО

Јавното обвинителство одлучи да ги превземе предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Јавното обвинителство на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.

Имено, на 3 септември до СЈО стигнало полномоштво од Катица Јанева со кое обвинителите се овластуваат да ги предадат на Јавното обвинителство предметите кои се водат во СЈО и тоа кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Работниците протестираа за повисоки плати и почитување на нивните права

Работниците протестираа за повисоки плати и почитување на нивните права

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку …