Ракетирана станбена зграда во Кривиј Рих

Ракетирана станбена зграда во Кривиј Рих, најмалку шестмина загинати

Најмалку 6 станари ги загубиле животите во ноќниот ракетен напад на петкатна станбена зграда во украинскиот град Кривиј Рих, а 12 лица се извлечени од спасителите, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата. Засега нема информации за други загинати цивили во регионот Днипропетровск, каде што се наоѓа Кривиј Рих, но во регионот Донецк во руските напади загинал еден цивил, во Костјантинивка, а други пет жители на регионот биле повредени. Засега нема информации за загинати и повредени во Мариупол.

Руските сили го гранатирале регионот Запорижја 85 пати вчера, при што двајца цивили ги загубиле животите, а уште двајца се повредени и пренесени в болница.

Во текот на изминатиот ден со артилерија беа напаѓани и делови на регионот Харкив, при што се погодени и цивилни објекти.

Во меѓувреме, според Генералштабот на украинските одбранбени сили, од 24 февруари 2022, кога почна руската инвазија, до утрово, елиминирани биле 216.650 припадници на руските сили, од кои 470 во изминатиот ден.

Украинците, пренесува Укринформ, уништиле и 3.935 непријателски тенкови, 7.642 оклопни борбни возила, 3.766 артилериски системи, 601 повеќецевни ракетни ласнери, 363 системи за противвоздушна одбрана, 314 борбени авиони, 300 хеликоптери, 3.309 дронови (беспилотни летала за различна намена), 18 борбени пловила и 6.743 камиони и камион-цистерни.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Руска офанзива во Харков: „Жестоки борби на целиот фронт“

Руска офанзива во Харков: „Жестоки борби на целиот фронт“

По почетокот на руската офанзива во регионот на Харков, украинското Министерство за одбрана тврди дека …