Битиќи со амбасадорот Мерис: Перспективите на белгиско-македонските економски и инвестициски односи се големи

Битиќи со амбасадорот Мерис: Перспективите на белгиско-македонските економски и инвестициски односи се големи

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со амбасадорот на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Фредерик Мерис, со кој разговараше за можностите за продлабочување на економските и трговските односи меѓу Република Северна Македонија и Белгија.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Мерис потенцираа дека економската соработка помеѓу двете земји е на солидно ниво и изразија очекување дека трговскиот биланс ќе продолжи со позитивни стапки на раст.

На средбата, белгискиот Амбасадор, Мерис, го информираше вицепремиерот Битиќи за интересот на бизнисите поврзани со Белгија кои работат во Северна Македонија, вклучувајќи ги и компаниите основани во Белгија со силни врски со Северна Македонија да го официјализираат нивното присуство и активности во земјата во рамките на формирање на еден бизнис клуб/форум Белгија-Северна Македонија, кој несомнено ќе влијаје за уште поголемо присуство на белгиски момпании во земјата.

Вицепремиерот Битиќи од негова страна, рече дека перспективите на белгиско-македонските економски, трговски и инвестициски односи се големи, при што го информираше белгискот Амбасадор за можностите кои ги нуди нашата држава за странските инвеститори.

Вицепремиерот Битиќи рече дека земјата минатата година ги хармонизираше царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали за индустриско производство со тие на ЕУ, со што на странските компании им се изедначуваат условите за работа со оние кои ги имаат дома, но истовремено го информираше амбасадорот Мерис и за воведувањето на дигиталниот асистент АДА, кој на странските инвеститори ќе им одговори на прашања поврзани со условите за инвестирање и начинот на добивање државна помош.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …