Рама - Ја иронизирав грдата блокада на С. Македонија од стана на Бугарија

Рама – Ја иронизирав грдата блокада на С. Македонија од стана на Бугарија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на Твитер напиша дека ја иронизирал „грдата блокада на Северна Македонија од страна на Бугарија“ на Самиот во Солун.

„И за смеење и за плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Северна Македонија од страна на Бугарија! Тоа е како кавга во кафеана над чад од ќофтиња“, напиша Рама на Твитер.

Вчера беше објавена видео снимка од петочниот Самит во Солун во организација на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на која додека Мицотакис му го претставува Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц, како премиер на Северна Македонија, се вклучува премиерот на Албанија Еди Рама, со дополна за Ковачевски дека е премиер на идната Западна Бугарија. На тоа сите се сметат, вклучително и самиот премиер Ковачевски.

По објавата на видеото опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка и извинување од Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …