Рама побара Албанија одвоено од Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Рама побара Албанија одвоено од Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување кон ЕУ одвоено од Северна Македонија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Тој додаде дека Албанија веќе не може да чека Северна Македонија и Бугарија да го решат спорот.

„Нашиот политички курс во однос на ова прашање целосно ќе се промени“, изјави премиерот Еди Рама.

Говорејќи во Тирана, албанскиот премиер рече дека не е оптимист оти Бугарија ќе го тргне наскоро ветото што го постави за Северна Македонија.

Тој денеска го даде коментарот додека ја претстави националната анкета направена на повеќе од половина милион лица во Албанија, која покажа дека 67 отсто од анкетираните сакаат патот на зачленување кон ЕУ на Албанија и Северна Македонија да се одвои.

Бугарија го стави ветото за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија на крајот од 2020 година, а со тоа блокирана остана и Албанија.

Поголем дел од земјите-членки на ЕУ досега одбиваа да ги одвојат Албанија и Северна Македонија, иако кандидатурите на двете земји се поврзани и започнувањето на пристапните преговори бара едногласно одобрување од земјите на ЕУ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …