Рамиз Мерко се обрати до јавноста, вели дека ќе соработува со правосудните органи

Рамиз Мерко се обрати до јавноста, вели дека ќе соработува со правосудните органи

Мерко вели дека САД се „наш сојузник во секој предизвик“ и им се заблагодари на жителите на  Струга што го поддржувале периодов

По неодамнешниот развој на настаните во врска со одлуката на Стејт департментот на САД, не сакав да комуницирам во корист на процесите, ќе бидам отворен како и секогаш во корист на правдата и секој процес во правосудните органи од страна на институцијата на Општина Струга и мојот дел ќе биде доставен навремено бидејќи секогаш сум бил транспарентен до судските органи и до сите други институции.

Ова го пишува струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неговиот профил на Фејсбук, што воедно е и негово прво обраќање во јавноста откако заедно со сопругата и полнолетните синови се најдоа на црната листа на САД.

„Поради ова, за доброто на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на процесите важни за сите“, се вели во објавата на Мерко.

Тој пишува дека САД се „наш сојузник во секој предизвик“ и им се заблагодари на жителите на  Струга што го поддржувале периодов.

Инаку, четиричлена комисија од обвинители од Јавното обвинителство денеска врши надзор на постапувањето во предметите во обвинителствата во Струга и во Битола. По целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај.

Струшкиот градоначалник се најде на црната листа на САД поради негова вмешаност во значителна корупција. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …