полиција сообраќајка

Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

Две лица на возраст од 20 до 30 години биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми.

Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката од заталкан куршум. Ова лице, Д.Л. (21) е македонски државјанин, ја пренесува МКД.мк потврдата од Министерството за внатрешни работи во земјава. Tој е во Ургентниот центар каде што му се врши хируршки зафат.

Три часа по пукањето, според српските медиуми, лицето што пукало, Н.Џ (20), било уапсено и одредено му е задржување во полициска станица до 48 часа.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Плажа

Грција со дронови во борба против пренатрупаните плажи

Целта на апликацијата и патролите со беспилотни летала е да се запре нелегалното поставување чадори …