Распишан оглас за триесетина работни места за коридорите 8 и 10д

Распишан оглас за триесетина работни места за коридорите 8 и 10д

Работното време изнесува 40 часа, а највисоката плата, за помошник на главниот координатор на проектот изнесува 70 илјади денари.

Јавното претпријатие за државни патишта објави огласи за работа за триесетина работни места поврзани со коридорот 8 и 10д кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со државата. Работното време изнесува 40 часа, а највисоката плата, за помошник на главниот координатор на проектот изнесува 70 илјади денари.

Во огласот, меѓудругото се бараат и четворица специјалисти за експропријација, двајца администратори, двајца возачи, петмина специјалисти за инвестиции и градба на патишта, двајца специјалисти за заштита на животна средина, тројца специјалисти за електроенергетски објекти.

За местото координатор на единицата за подготовка на проектот, кандидатот треба да има диплома од факултетите за општествени науки. За ова место е предвидена нето-плата од 60.005 денари. Координаторот пак на единицата за техничка изведба на проектот кој треба да биде градежен инженер ќе работи за плата од 65.029 денари. Плати од 29.866 денари ќе заработуваат и двајца возачи кои треба да имаат најмалку средно образование, а за иста плата се бараат и двајца администратори.

Вработувањата, како што стои во огласот, ќе бидат на определено време, односно до 22.01.2028 година. Селекцијата на кандидатите ќе ја врши комисија формирана од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Огласот трае до 25 април.

Во Собранието деновиве се води расправа за измени на Законот за работни односи предложен од група пратеници со кој се предвидува работниците на преокти од значење за државата да можат да работа и по 60 часови во текот на неделата.

Прочитајте повеќе

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

„Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште …