Расправата за разрешување на Јанева денеска зад затворени врати

Расправата за разрешување на Јанева денеска зад затворени врати

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за денеска во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Вчера, Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесен до Собранието.

– Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка состојба број 03-133/6 од 29.08.2019 година поднесено до Собранието не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка – се вели во соопштението на Советот на јавни обвинители.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …