Продолжува чистењето на дивите депонии во општина Аеродром

Продолжува чистењето на дивите депонии во општина Аеродром

Во тек е акцијата за чистење на дивите депонии на територијата на општина Аеродром. Деновиве службите работат на расчистување на дивата депонија на бул. „Трета македонска бригада“, наспроти Американ колеџ.

Во изминатиот период целосно беа исчистени депониите во близина на амбулантата во населба Лисиче, просторот меѓу Лисиче и Реонски центар, Бановина во Горно Лисиче, Усјански канал, како и дивите депонии во Долно Лисиче.

Од Општина Аеродром апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот и правилно да го селектираат на соодветните места, со цел да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …