Расте бројот на ковид-случаи, се зголемува и бројот на реинфекции

Расте бројот на ковид-случаи, се зголемува и бројот на реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 23 реинфекции. Оздравеле 67 заразени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Епидемиолозите за Мета изјавија дека не е исклучено кај нас веќе да се шират подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5.

„Но, дефинитивно летово ова би претставувале само благи бранувања на мирно море. За наесен, логично е вирусот повторно да крене глава. Како што и прилега на сезонски вирус, слично на грипот и настинките. И така, секоја година понатаму“, вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …