Крушево: Се реконструираат улици во централното градско подрачје

Крушево: Се реконструираат улици во централното градско подрачје

Во Крушево започна реконструкцијата на улица во центарот на градот која ги дели улиците „Благој Целев“ и „Таќа Бербер“, која води до жичарницата, што е дамнешно барање на жителите од овој дел на градот.
„Оваа улица е една од најпрометните и највидливите затоа што е во самиот центар на градот, а исто така е најкраткиот пат до жичарницата, нешто што е важно особено во зимскиот период. Денеска отпочнавме со санација, затоа што оваа улица е видно оштетена и беше неопходно нејзина реконструкција“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Прочитајте повеќе

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба на седница да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста …