Растот на Крушево како туристичка дестинација

Растот на Крушево како туристичка дестинација

Пишува: Сотир Габелоски

Како што изминува летото, а во Крушево се составува се’ побогата туристичка понуда, така ВМРО ДПМНЕ се претставува со празни критики и неосновани тврдења за моменталната туристичка клима во градот. ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за посетеноста во Крушево, затоа што во нивно време бројот на туристи на годишно ниво, падна од 43.000 на 16.000.

Порталот faktor.mk пред извесно време обелодени дека минатата година, Крушево забележало раст од 50 отсто во бројот на ноќевањата, додека пак (засега) неофицијалните податоци за посетеноста во месец мај, велат дека зголемена за дополнителни 35 отсто. Според правилата на економијата овој раст и не е нешто особено, затоа што после кризно време доаѓа експлозивен раст, како што сега се случува со посетеноста на Крушево.

Годините на стагнација, тензичната политичка состојба во државата и немањето осмислена туристичка понуда од страна на локалната самоуправа, доведе до летаргија, слаба посетеност и анонимност на Крушево на туристичката карта. Колку за илустрација, уште еднаш ќе го повторам податокот дека во 2011 година Крушево го посетиле околу 43.000 туристи, додека во 2016 година тој број бил сведен на само 16.000, што претставува застрашувачки пад во режија на тогашната локална и централна власт предводена од ДПМНЕ.

Локалната опозиција нема право да зборува за тоа дали Крушево има или нема туристи, затоа што градоначалниците кои произлегоа од нивните редови се покажаа како аналфабети во областа на туризмот. Драстичниот пад на посетители и ноќевања во рок од 5 години, покажува дека ДПМНЕ немала визија за туристичкиот развој на градот, уште помалку пак конкретен план за равој на ова поле. На сето ова, особено во годините 2014, 2015, 2016, влијаеше и генералната политичка состојба во државата, која беше напната и во состојба на постојана криза.

Имајќи го во предвид континуираниот раст на туризмот, очигледно е дека политиката на локалната власт во Крушево дава резултати. Денес Крушево, со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, има конкретен и јасно дефиниран план во која насока треба да се развива туризмот, нешто што и се случува на терен. Јасната политика во оваа област резултираше со организирање на поголем број на настани, поголема посетеност и видливост на Крушево како во границите на државата, така и пошироко.

Критиката е неизбежна како и дишењето, рекол големиот англиски поет Т.С. Елиот, но делата, во случајов, зборуваат погласно.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …