Реал Мадрид ќе потпише спонзорски договор вреден – 10 милијарди евра!?

Реал Мадрид ќе потпише спонзорски договор вреден – 10 милијарди евра!?

Најтрофејниот и најгламурозниот клуб на светот Реал Мадрид ќе си ги разреши сите можни финансиски проблеми, вклучително и џиновската инвестиција од безмалку една милијарда евра за реконструкција на „Сантјаго Бернабеу“ зашто ќе го потпише наскоро најневеројатниот и нереален спонзорски договор вреден – 10 милијарди евра.

Според шпанскиот портал „Воз Попули“, Реал Мадрид и компанијата „Легендс Хоспиталити“ се пред официјализација на спонзорска соработка според која „кралскиот клуб“ за 25 години ќе добиде цели 10 милијарди евра. Или годишно по 400 милиони евра, што ќе биде убедливо најголемиот спонзорски договор на еден клуб во светскиот спорт.

Оваа информација ја пренесе и многу блиската „Марка“, најугледниот шпански спортски весник, а се тврди дека преговорите се почнати уште во декември и веќе е дојдено до конечен договор, па остануваат само најситни детали пред официјализација.

„Легендс Хоспиталити“ од Реал Мадрид ќе преземе 20 отсто од компанијата која управува со новиот „Сантјаго Бернабеу“, а ќе добие и во следните 25 години право да организира разни настани на стадионот кога „кралскиот клуб“ нема да има мечеви, а плус и обврска да ги донесе најголемите светски брендови во Мадрид.

Според најавите, најголемите светски ѕвезди ќе имаат настапи на реновираниот стадион, кој сега ќе има кров и ќе се користи и како сала, а во план е мечеви тука да играат и Сан Антонио Спарс, екс-првакот во НБА, во кој „Легендс Хоспиталити“ има 20 отсто од сопственоста.

Реал Мадрид за потписот на договорот за спонзорство со американската компанија веднаш ќе добие 150 милиони евра, ама и обврска да догради уште две нови паркинг-гаражи.

Извор: Sport1.mk

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …